Денеска се слави Денот на вљубените, а дали знаете вчера кој славеше?

На 13 февруари во Америка и земјите од западна Европа, особено во Велика Британија, се одбележува неофицијалниот ден на љубовниците.

249

Денеска е светскиот ден на љубовта и многу парови ќе го прослават Денот на вљубените, но дали знаете дека вчерашниот ден исто така се славеше – денот на сите швалери и љубовници.

На 13 февруари во Америка и земјите од западна Европа, особено во Велика Британија, се одбележува неофицијалниот ден на љубовниците.

Денот на љубовниците, како што пишува британскиот „Сан“, е одбран како ден за славење на партнерите кои од разноразни причини ја кријат својата љубов.

„Вчера повеќето неверни жени и мажи ја прославија забранетата врска или секс-афера, а денеска ќе имаат реприза на прославата со своите „официјални“ партнери“, пишува „Сан“.

Еден сајт за склопување на вонбрачни врски, неодамна спровел истражувањето кое покажало дека 52 отсто од изневерувачите ја прославуваат својата тајна врска на 13 февруари.

Подароците кои тогаш се разменуваат се многу посмели и побезобразни отколку оние што се резервирани за постојаните партнери.

– Љубовниците се многу поопуштени па затоа одбираат и побезобразни подароци, додека постојаните партнери играат на сигурна карта – велат брачните терапевти.

Интересно е што 5 отсто од испитаниците изјавиле дека Денот на вљубените ќе го прослават со својата тајна љубов денот по празникот, а дури 12 отсто од прељубниците изјавиле дека ќе бидат со љубовницата или љубовникот токму на Денот на вљубените.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...