Денеска се одбележува Денот на АРМ, државниот врв пред МО

131

Во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности денеска пред Министерството за одбрана ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.

Свои обраќања ќе имаат претседателот на државата и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Претседателот со Орден за воени заслуги ќе ги одликува првиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот за врски, а ќе бидат прочитани и наредби за унапредување на старешини во највисоки офицерски чинови, ќе бидат врачени плакети, значки, благодарници за соработници и организации со кои соработуваат МО и АРМ.

На свеченоста од министерката Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски се поканети претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министри во Владата, пратеници во Парламентот, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, високи гости од повеќе институции.

На градските гробишта во Бутел во Скопје изутринава повеќе делегации со воени почести ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија ќе се изврши вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ од единицата на артилерискиот баталјон на АРМ, по повод Денот на Армијата. Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...