Денеска се заваруваат клупите во „Жена“ парк, инспекторите им гледаат низ прсти на „патриотите“

1481

Чувари од „Паркови и зеленило“ има во паркот „Жена“, па во иднина доколку некој ги земе клупите и ги носи каде што сака, ќе реагираат кај нас или во полиција. Ова го изјавија за Плусинфо од Град Скопје, на нашето прашање дали се санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат урбаната опрема од паркот и ги користат клупите за секој ден да ја блокираат раскрсницата.

– Не знаеме дали досега виделе или не кој ги извадил, ама изгледа не реагирале – ни одговорија од Град Скопје.

Оттаму додадоа дека за некој да се казни, требало на самото место да се фати како го прави тоа.

– Важно е дека клупите се вратени на место, денес се заваруваат, а истовремено чувари од „Паркови и зеленило“ во иднина ќе пријавуваат доколку видат нешто – одговорија од Градот.

Дваесеттина пензионери кои секојдневно демонстрираат пред Собранието на РМ и го блокираат центарот на градот поради што со часови се создава голем сообраќаен метеж, ги одземаат клупите од Жена парк и ги користат како блокади на раскрсницата кај Градската болница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...