Денеска пресуда за насилниците врз Села

Казната за ова дело е од шест месеци до пет години.

153

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година.

На претходното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото. Двајцата во завршни зборови, кажаа дека се покајуваат за стореното дело и дека немале намера никого да повредат.

Застапникот на обвинението Дарко Јакимовски, во завршните зборови, кажа дека со оглед на признанието на вина Судот обвинетите да ги прогласи за виновни  и казни за стореното дело.

– Казната за ова дело е од шест месеци до пет години, што отвора можност за алтернативна санкција. Сметам дека било какво алтернативно казанување ќе значи банализација на делото. Ако вака лесно се влегува во Собранието и се напаѓа, што станува со останатите заштитени објекти. Обвинетите биле свесни, без разлика на поводот, дека ја надминале дозволената граница – рече Јакимовски.

Тој нагласи дека обвинетите не одговараат само за напад врз Села, туку за целокупните дејствија во Собранието и прес центарот.

Постапката за седуммина обвинети за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија продолува на 2 и 5 јули, за кога се закажани завршни зборови. За обид за убиство на  Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...