Денеска облачно со слаб дожд, од утре сонце

56

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а  дневната од 20 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од утре ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...