Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, со температура од 10 до 19 степени.
Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна поладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната температура од 15 до 19 степени.
Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од 17 до 23 степени.