Денеска на гости ни доаѓа Флекенштајн

227

Дебата на тема European Values for Macedonian Future“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата „Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје во рамки на официјалната посета на пратеникот во Европскиот парламент Кнут Флекенштајн.

На дебатата студентите и претставниците на младинските организации во Македонија, ќе имаат можност да ги споделат своите идеи и ставови за влијанието на евроинтеграциските процеси на земјата и почитувањето на европските вредности и да добијат одговор на прашањата

На кој начин членството во ЕУ ќе придонесе за унапредување на животниот стандард на младите луѓе во Македонија во поглед на образование, вработување, култура, инклузивност и учество во демократските процеси на национално и локално ниво? Колку прифаќањето на европските вредности ќе влијае во градење на интер-културно општество без предрасуди и стереотипи во кое се почитуваат различности?

На дебатата ќе се обрати и министерот за образование Арбер Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...