Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата.
Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени.
Денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се
спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните
температури скоро насекаде ќе бидат под нула.
Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.