Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 23 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, слично време, променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Од сабота следува период на стабилно време, а од понеделник и значително потопло.