Посебен сообраќаен режим денеска и утре во периодот од 7.00 до 17.00 часот ќе биде воведен на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ награда на град Скопје „Скопје-2019“, во организација на Автомобилистичката федерација.
„Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул. Крсте Петков Мисирков и бул. Гоце Делчев, право до крстосницата помеѓу бул. Гоце Делчев и ул. Беласица, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците Владимир Комаров и Беласица. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, информира МВР.