Денеска и облаци и сонце и ветер, попладне дожд

143

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерен облачност. Попладне ќе биде променливо облачно, главно во западните и јужните делови со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој во северозападните делови повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 степени.

До утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер кој во северните делови и долж Повардарието повремено ќе се засилува.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...