Иако повеќето парови се радуваат за Денот на вљубените, има и такви чија љубов може да „пукне“ само два дена пред најромантичниот ден во годината. Причината за тоа е појавата наречена „црвен вторник“, ден кога многу парови одлучуваат да ги прекинат односите.
Имено, едно истражување кое го спровело сајтот „Illicit Encounters“ вели дека една недела пред Денот на вљубените, најголем број лица одлучуваат да ги остават своите партнери, а според статистиката, вторник е денот кој брои најмногу такви случаи поради што го добил името „црвен вторник“.
Истражувањето наведува дека повеќе од една третина од испитаниците, односно 37 отсто, рекле дека ја раскинале врската со партнерот една недела пред 14 февруари. Главната причина за раскинувањето воочи Денот на вљубените, според истражувањето, е заштедата на пари кои се потребни за купување подарок на партнерот, како и избегнување на притисокот од давање лажни изјави на љубов.
Во анкетата учествувале 3.000 испитаници. Од нив 31 отсто изјавиле дека раскинале преку СМС-порака, 28 отсто со телефонски повик, а 27 отсто со разговор во живо.