Денеска во 11 часот ќе започне собраниската седница за Законот за Јавно обвинителство

244
Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski

Денеска во 11 часот ќе се одржи нова собраниска седница за предлог-законот за Јавното обвинителство. Парламентот вчера ја започна расправата за овој закон, но беше прекината и презакажана за денеска.

Собранискиот спикер Талат Џафери истакна дека нема услови за одржување на седницата затоа што за збор во расправата се јавиле повеќе од 30 пратеници. Тој ги повика лидерите на политичките партии да одржат лидерска средба за да обезбедат мнозинство.

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...