Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови и повремени врнежи од дожд.
Температурата ќе се движи од минус 1 до 21 степен. Во Скопје од минус 1 до 18 степени.
Потоа ќе следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.