Министерството за здравство информира дека во текот на денешниот ден, до 13 часот вакцинирани се 28 деца со МРП вакцина. Или досега, вакцинирани се вкупно 1,018 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска и утре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07.30 до 13 часот.