Денеска британската кралица Елизабета, принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Хари ќе одржат состанок, за да расправаат за условите на повлекувањето на Хари и Меган од должностите во кралското семејство. Се очекува преку телефонска врска во разговорот да учествува и принцезата Меган, која со своето осуммесечно бебе Арчи во моментов престојува во Канада.
Британските медиуми најавуваат болна разврска на аферата „Мегзит“. Имено, некои посматрачи шпекулираат дека Хари и Меган долго време се фрустрирани од принцотот Вилијам и принцезата Кејт, поради што Меган инсистирала таа и нејзиниот сопруг да се повлечат од кралското семејство. Некои ова го негираат, но изгледа никој не спори дека принцот Хари е вознемирен поради својата одлука да „абдицира“.
Конзервативците тврдат дека идејата за повлекување ја иницирала Меган Маркл, додека Хари бил под голем притисок да избере страна, што баш и не му е по волја. Според овие извори, тоа ќе биде линијата по која денеска врз Хари и врз Меган ќе се изврши притисок да ја повлечат својата одлука.