Поради зголемување на енергетската моќност на трафостаницата која е лоцирана во ПС Водно денеска прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од неколку населби, како и некои клиники.
Водно, Пржино, Црниче, дел од Козле (висока зона), резиденцијалните објекти на Владата, Комплексот на МВР, Клиниката за хематологија, Клиниката за трансфузиологија и Детската болница Козле ќе немаат вода денеска од 9 до 17 часот, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.