Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, за ситуацијата со мигрантите и бегалците денеска телефонски ги информирал Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, како и неговите колеги, министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Австрија, Бугарија, додека пак синоќа разговарал со МНР на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, Денедиас, од комесарот на ЕУ, побарал да се свика вонреден состанок на Советот на министрите за надворешни работи на Унијата.