Денвер ги декриминализира халуциногените печурки

83
ФОТО: МИА

Американскиот град Денвер стана првиот град во земјата што ќе ја декриминализира употребата на халуциногени печурки, откако жителите ја прифатија иницијативата на референдум. Во корист на декриминализацијата гласаа 50,6 отсто од гласачите наспроти 49,4 отсто кои беа против.

Со новите правила се укинуваат ограничувањата за лична употреба и поседувањето на „магичните“ печурки на лица до 21 година. Оваа мерка не значи дека е законско купувањето, продавањето или одгледувањето на печурките, туку предвидува инструкции за полицајците за третирање на корисниците со најнизок приоритет.

Со декриминализација на психоактивната супстанца Псилоцибин, која се наоѓа во халуциногените печурки. Денвар ја продолжува својата либерална политика за дрогите, откако во 2012 година ја легализираше употребата на марихуаната.

Организаторите на кампањата за легализација на Псилоцибин, велат дека целта е
луѓето да не завршуваат во затвор поради користење дроги во борбата против депресијата, анксиозноста, посттравматски стрес и други состојби.

Псилоцибинот е забранет од 1960 година, а одделни експерти предупредија дека може да се користи само под медицински надзор, бидејќи може да предизвика параноја и анксиозност.

Сојузната Влада го класифицираше псилоцибинот како дрога од прв ред, од која нема медицинска корист. Магичните печурки кои ја содржат оваа супстанца се користеле во верските ритуали на староседелците во Америка поради нивното влијание врз перцепцијата и духовните искуства.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...