Пратеникот Љубен Арнаудов ги прими демонстрантите кои дојдоа пред неговиот дом за да му предадат писмо во кое бараат да не гласа за амандманите на Уставот кои се обврска од Преспанскиот договор.
– Љубен да те потсетиме, не му било лесно ниту на Христо Узунов, Питу Гули, на сите револуционери. Ако седеле дома, немаше да ја има Македонија. Ти Љубен имаш обврска, да не учествуваш во ова предавство – изјави Јанко Бачев од Единствени за Македонија пред домот на Арнаудов.
Домот на Арнаудов го чуваше силно полициско обезбедување.