Демократски сојуз предлага Балканска коалиција против тероризмот и организираниот криминал

Во оваа коалиција треба да бидат вклучени сите Балкански држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

101

Во пресрет на утрешната расправа за безбедноста и тероризмот, што се одржува во Скопје помеѓу ЕУ и Балканските држави, Демократскиот сојуз ја иницира потребата од формирање на Балканска коалиција за борба против тероризмот и организираниот криминал, велат од ДС.

Во оваа коалиција треба да бидат вклучени сите Балкански држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.

– Воедно предлагаме да се формира и Балкански центар за борба против тероризмот и организираниот криминал со седиште во Скопје, каде ќе се слеваат и обработуваат сите информации и ќе се дејствува превентивно.  Тероризмот е сериозна безбедносна закана за Балканските држави, затоа е неопходно државите поблиску да соработуваат, додека организираниот криминал разорно дејствува на демократскиот и економскиот развој. Криминалот ги кочи и евроинтеграциските процеси на државите аспиранти за влез во ЕУ од таканаречениот Западен Балкан – велат од ДС.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...