Партијата Демократски сојуз информира дека во последните неколку дена се почесто се објавуваат постови од лажен профил при што е злоупотребено името на нејзиниот претседател Павле Трајанов.
– Демократскиот сојуз ќе ги преземе сите законски мерки се со цел да се спречи злопотреба на Фејсбук за пласирање постови со злоупотреба на името на претседателот на ДС. Павле Трајанов се оградува од коментарите објавени преку лажните профили, наведува партијата.