Демократски сојуз: Договорот го зацвстува идентитетот

Од партијата ја поддржуваат јавната дебата низ која граѓаните, експертите, невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, ќе ги соочат аргументите и на крај, како што велат, на референдум граѓаните ќе донесат одлука која сите ќе ја почитуваме.

330

Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на  Македонија и балканските држави, соопштија од партијата.

„Наш врвен, национален и стратешки интерес е деблокада на евроатланските процеси и полноправно членство во НАТО и Европската унија. Со овој договор се зацврстува македонскиот идентитет и еден од клучните елементи на нацијата – македонскиот јазик“, пишува во соопштението на ДС.

Од партијата ја поддржуваат јавната дебата низ која граѓаните, експертите, невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, ќе ги соочат аргументите и на крај, како што велат, на референдум граѓаните ќе донесат одлука која сите ќе ја почитуваме.

„Обидот за блокада на процесот на ратификација на договорот и манипулација со чувствата на граѓаните, е поткопување на стабилноста на државата и поделба помеѓу македонците, со несогледливи последици по мирот и севкупниот развој на Република Македонија како демократска и унитарна држава“, наведуваат во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...