Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата на која присуствува и претседатели на општинските организации на ДС, донесе одлука за вклучување на Демократскиот сојуз во информативна кампања во врска со претстојниот референдум, закажан за 30 Септември, 2018 година.
– Демократскиот сојуз во рамките на Коалицијата „ЗА“ Европска Македонија, преку непосредни контакти, средби со граѓани, трибини, митинзи, учество во дебати емисии и други активности, граѓаните ќе ги информира за договорот постигнат со Грција и перспективите кои се отвораат со членството во НАТО и Европската Унија.
Само со објективно информирање и мирна кампања, граѓаните ќе можат да ги препознаат историските димензии на референдумот и позитивниот исход од истиот.
Со влезот во НАТО и ЕУ ќе се јакне унитарниот карактер на државата, внатрешната кохезија, владеење на правото и ќе се создадат услови за подинамичен економски развој.
На овој референдум не се гласа за партии, туку се гласа за иднината и перспективите на Македонија, посебно за младите генерации кои треба да создаваат и работат во Македонија.
На овој референдум граѓаните одлучуваат за Европска Македонија, стои во соопштението.