Демократска фракција: Нормален човек не може да слави промена на името, тоа го покажаа и сдсмовците

3100

Реакција на ВМРО – ДПМНЕ – Демократска фракција:

„Срамната прослава за промена на името и влез во НАТО помина, а плоштадите останаа празни. Народот овој пат не ја проголта лагата и манипулацијата произлезени од неуставниот и срамен договор од Преспа. Коалиционата влада на Заев и неговата ,,купи-ден” додоворувачка проевропска политика доживеаа дебакл. Народот ги препозна даровите на Данајците и лажното мастило во пенкалото подарок.

Самозамислената „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“ стана пародија. Заев и неговата партија никако да сватат дека нормален човек не може да слави ирационално и недостоинствено „конечно решение“ на т.н. Македонско прашање на Балканот“, самоомаловажување, самообезличување и комплетно редефинирање на сопствениот политички систем.

Во оваа прилика сакаме да им одададене почит на сите достоинствени граѓани, пред се на членовите на СДСМ кои не потклекнаа на наредбите и притисоците на сдсмовско-дуиџиската власт. И сдсмовците покажаа дека се срамат и не ја поддржуваат капитулантската политика на својот шеф. За разлика од периодот на Груевски, овој пат партиското членство покажа свест и совест и ги одби автобусите и сендвичите и останатите лажни ветувања.

Калкулатско-додворувачката политика на тандемот Мицковски-Заев нема да ги поколеба граѓаните на Република Македонија. Народот ја покажа својата сила и воља и патриотизам, а тоа ќе го покаже и со бојкот на референдумот доколку го има.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...