Демократска партија на Турците: Историски договор кој е важен за регионот

Од партијата велат дека е прифатлива промената на името и оти сметаат дека потпишувањето на договорот помеѓу двете земји, претставува особена важност за надминување на деценискиот спор што го имаше Република Грција со нашето уставно име.

165

За Република Македонија и за Југоисточна Европа од денеска  се отвара едно ново поглавје во историјата. Потпишаниот договор помеѓу Република Македонија и Република Грција, колку што е историски толку е и од голема важност за иднината на двете земји како и на регионот велат до Демократска партија на Турците на Македонија

Од партијата велат дека е прифатлива промената на името и оти сметаат дека потпишувањето на договорот помеѓу двете земји, претставува особена важност за надминување на деценискиот спор што го имаше Република Грција со нашето уставно име.

„Имајки ја предвид содржината на овој договор, истиот констатира дека не се загрозени угледот, дигнитетот на граѓаните и сувереноста на Република Македонија. Исто така не ги нарушува долгогодишните билатерални и пријателски односи помеѓу Република Турција и Репубилка Македонија.Со потпишувањето на овој договор сметаме дека ќе се забрза процесот кон Евроатланските интеграции и не се погазени горе споменатите црвени линиина ДПТМ“, се вели во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...