Како Демократска партија на Турците во Македонија информираме дека ние како партија а и како Турска етничка заедница крајно сме загрижени поради тоа што на состанокот во Охрид во рамките на Жан Мине процесотр, не се поканети пратениците Турци претставени во Собранието, реагира ДПТ.
– Со игнорирање на помалкубројните етнички заедници меѓу кои и Турците при носење на важните стратешки одлуки во име на општеството и државата која во согласност со принципите на ЕУ се движи кон ЕУ, предизвикува големо разочарување и голем недостаток во однос на малцинските права во земјата – велат од ДПТ.