Деми Мур му ја одземала невиноста на славниот актер од „Два и пол мажи“ ФОТО

Меѓутоа, актерот тврди дека Деми не била прва, па сите нејзини тврдења ги демантирал на Твитер.

973

Ѕвездата на серијата „Два и пол мажи“ Џон Крајер (54) ги негирал тврдењата кои во својата биографија „Inside Out“ ги изнела актерката Деми Мур.

Актерката напишала дека му ја одземала невиноста на Џон за време на снимањето на филмот „No Small Afair“ од 1984 година, и дека поради тоа се чувствува мошне лошо. Џон тогаш имал 19 години.

Деми вели дека се покајала поради тоа што била бесчувствителна кон неговите чувства.

„Ме боли кога ќе размислам колку бев бесчувствителна кон неговите чувства. Му го украдов тоа што требаше да биде убав и посебен момент за него. Беше целиот преплашен“, напишала Деми во својата биографија.

Меѓутоа, актерот тврди дека Деми не била прва, па сите нејзини тврдења ги демантирал на Твитер.

„Добра работа е тоа што повеќе не мора да се чувствува лошо поради таа ситуација, иако сум сигурен дека нејзината претпоставка била сосема оправдана поради моите вештини и запрепастувањето на моето лице во тоа време. Всушност, јас невиноста ја изгубив уште во средно училиште“, напишал актерот н својот профил на Твитер.

Тој уште и признал дека по раскинувањето на нивната кратка романса, Деми нашла ново момче, а тој останал со скршено срце.

„Никогаш нема да жалам поради тоа, таа отсекогаш ме привлекувала“, напишал Џон.

 

Image result for Jon Cryer

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...