Американската актерка, Деми Мур и понатаму крева прашина со својата автобиографија „Inside Out“, во која ја отворила душата и проговорила за многу шокантни искуства.
Го опишала своето патување од, како што вели, американското „ништо“ до холивудското „сè за што некогаш сте сонувале“.
Читателите ги шокирала пишувајќи за шокантните инциденти со мајка си.
Актерката откри дека неколкупати ја спасила својата мајка од сигурна смрт кога се обидела да се самоубие. Еднаш дури со прсти ги вадела таблетите од нејзиното грлото, откако проголтала многу. На 15 години била силувана, а мажот кој го направил тоа, на мајка ѝ ѝ платил после тоа.
„Какво е чувството да бидеш така продадена“, ме праша потоа, пишува Мур во книгата.
Деми зборувала за ова во интервјуто со Дајана Соер.
На прашањето на новинарката дали некогаш мислела дека е вистина тоа што нејзината мајка ја продала, Деми одговори дека не.
Набрзо потоа го напуштила семејството и започнала живот со музичарот Фреди Мур, а во 1980 година за него и се венчала. Бракот им траел пет години, а во 1987 година се венчала за Брис Вилис, со кој има три ќерки – Румер, Талулах и Скот.
Мур во автобиографијата не го штедела ниту поранешниот сопруг, Ештон Качер.
„Неколкупати ме изневери во бракот, и ме убеди дека е во ред да имаме секс во тројка, поради што и денес жалам. Сакав да му покажам дека можам да бидам забавна и кул, но тоа беше грешка“, се отворила 15 години подоцна Деми.
За време на осумгодишниот брак со актерот. Деми имала и спонтан абортус во шестиот месец, а за овој страшен чин вели дека многу емотивно ја погодил и долго време не можела да се опорави од него.