Демир Хисар и Крушево ќе си возат со сопствени ознаки

426
ФОТО: Pexels / Бесплатна фотка / не пишувај ова не мора

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и на општина Крушево и го одобри барањето за добивање на сопствени регистарски ознаки на возилата, соопштија оттаму.

– Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки и стапува во сила осмиот ден од  денот на објавувањето. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката  на регистарските таблици е KS – велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...