Демант на ВМРО-ДПМНЕ за самитот во „Манда“

1752

Демант на ВМРО – ДПМНЕ на текст објавен на Плусинфо, а во врска со вчерашната неформална средба на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со новинари.

„Најенергично и најостро ги демантираме информациите содржани во текстот со наслов: САМИТ ВО „МАНДА“ Мицковски им расправал на новинарите што „договарал“ со Заев?!

Се работи за тенденциозен новинарски напис кој изобилува со неточни информации, невистини и полувистини.

На меѓународниот ден на медиумите 3 мај, и во насока на отвореност и транспарентност кон новинарите претседателот Мицкоски оствари неформална средба со повеќе новинари од неколку редакции. Истовремено подготвени сме да одговориме и во иднина на сите прашања и теми кои ќе бидат предмет на интерес на јавноста и за кои ќе биде побарано став на ВМРО-ДПМНЕ, но воедно замолуваме тие доследно да бидат пренесувани.

Во однос на информациите за избори нема никаков претходен договор, нормално интенција на секоја опозициска партија е тие да се случат што поскоро особено имајќи во предвид дека државата оди во исклучително лош правец.

Во однос на името, во повеќе наврати нагласуваме дека ВМРО-ДПМНЕ не е вклучена во процесите и секоја проценка е заснована врз чувства. Владата го води процесот и тука сите аспекти и модалитети единствено ним им се познати“, се вели во демантот на ВМРО – ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...