Дел од Скопје утре без струја, а Лисиче без вода

Утре од 09 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Лисиче. 

1497

Утре без електрична енергија од 08.30 до 10 часот, ќе останат корисниците од Кондово, Кучково, Бојане, Копаница, Рашче, Грачани, рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и караулата Чашка. Од 08:30 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците од дел од ул. Козара од бр.15 до бр. 38.

Од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат корисниците од ул. Орце Николов бр. 155 а и Центарот за странски јазици, а од 09:00 до 15:00 часот корисниците од од ул. Пелагонија.

Прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа. 

Од ЈП Водовод и Канализација“, пак, информираат дека поради санирање дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-200 мм на бул. 12-та Македонска бригада бр.30б утре од 09 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Лисиче.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100мм на ул. Рузвелтова бр. 5, од 09 часот до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од бул. Митрополит Теодосие Гологанов до ул. Рузвелтова бр. 23.

Поради чистење и хлорирање на резервоарот за вода „Жданец“ од 09 до завршување на интервенцијата, можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбите Жданец, Трнодол, Козле (висока зона) и Нерези. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...