Дел од Велес беше без струја поради дефект на трафостаница од невремето

106

Од невремето со дожд и удар од гром настанал дефект на трафостаница во Керамидна во новиот дел на Велес и жителите на оваа населба околу четири часа беа без електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Екипи на ЕВН Велес работеа на дефектот и тој беше отстранет во 19.10 часот кога домаќинствата од оваа велешка населба повторно беа вклучени во електромрежата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...