Делфин стар само девет дена почина од умор за време на перформанс за туристи, пренесува „Метро“.
Според сведок, делфинот изведувал трик во бугарски воден парк, кога одеднаш престанал да мрда.
Се истражува што е причината за неговата смрт, но според медиумот, прстот е вперен во „Varna Dolphinarium“ поради тоа што го терале да работи премногу.
Според водниот парк пак, делфинот не починал за време на перформанс во живо, како што тврдат сведоци.
Делфините се тренирани да имаат перформанс четири пати на ден за време на летната сезона, а наводно, починатиот и покрај тоа што бил бебе, бил теран да работи со останатите.
Јавор Гечев од здружение за заштита на животни рече дека пет делфини и фока починале во одморалиштето во последните пет години.
– Ова зборува дека условите не ги поминуваат минималните стандарди за да се чуваат овие животни. Тие не можат да опстанат тука, не можат да преживеат – додаде тој за Би-Би-Си.
Биологот во водниот парк, Цветан Станев рече:
– Не може мајката да го остави детето за да учествува во шоу. Ова може да се случи околу шест месеци по раѓањето. Бебе делфин да учествува во перформанс девет дена по раѓање – тоа се нема случено тука.
ФОТО: Метро