Дел од корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Балканска“ во Општина Кисела Вода утре од 9 до 14.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Горно Количани и делот од село Батинци кај улицата „1“ и местото Ќупријан, од 8.30 до 9.30 часот дел од корисниците од улицата „Радишанска“, Рептил Маркет бр.8 Радишани, Кам Маркет, Ресторан Александра и Окта во Општина Бутел.
Во периодот од 8.30 до 11.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците улицата „8-ма Ударна бригада“ и објектите со број 23 и 25 на улицата „Димитрие Чуповски“ во Општина Центар, а од 9 до 14 часот корисниците на дел од улицата „33“ во село Волково.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.