Делегација од Европскиот парламент дојде во Скопје да го скенира напредокот

213

Делегација на Европскиот парламент престојува во Скопје за да го оцени напредокот на земјата во европските реформи, како и подготвеноста за можни пристапни преговори.

Седум претставници од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) предводени од естонскиот европратеник Туне Келам, ќе се сретнат со политичкото водство, опозицијата и претставниците на граѓанското општество.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, европратениците, исто така, ќе посетат проект финансиран од ЕУ, за да видат како европските фондови функционираат во практика, по што Туне Келам ќе даде изјава за медиуми. 

Делегацијата на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) се состои од Келам (ЕПП), кој е и претседавач, романскиот европратеник Кристиан Преда (ЕПП), Кнут Флекенштајн (СД) од Германија, Хуан Фернандо Лопез Агилар (СД) кој е шпански европратеник, Бас Белдер (АЛДЕ) и Илхан Кјучук (АЛДЕ) од Бугарија и Томас Мезерикс од Партија на Зелените/ЕФА од Унгарија.

Во рамки на посетата на земјава, европратениците Флекенштајн и Кукан ќе остварат средба и со потпретседателот на Парламентот Весел Мемеди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...