Делегација на ПС на Советот на Европа ќе го набљудува вториот круг од изборите

37

Делегација на Парламентарото Собрание на Советот на Европа предводена од Мари-Кристин Далоз од 4 до 6 мај ќе престојува во Северна Македонија за да го набљудува вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи на 5 мај, соопшти прес службата на ПС на СЕ.

Делегацијата на ПС на Советот на Европа изборите ќе ги следи заедно со набљудувачите на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Како што стои во соопштението од прес-службата на ПС на СЕ, ден пред изборите делегацијата ќе има поединечни средби со двајцата претседателски надидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, како и со претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...