Делегација на ПССЕ ќе го набљудува Вториот круг на претседателските избори

26

Делегација на Парламентарното собрание на  Советот на Европа (ПССЕ) предводена од Мари-Кристин Далоз (француската пратеничка од Републиканците-Народни партии) ќе го набљудува Вториот круг од претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Делегацијата на ПССЕ ќе и се приклучи на делегацијата на парламентарното собрание на ОБСЕ и на ОДИХИР.

Делегацијата во својата програма има предвидено да се сретне со претседателските кандидати и претседателот на ДИК пред набљудувањето на изборите.

За првиот круг од изборите, делегацијата на ПССЕ оцени дека тие „беа добро раководени, а основните слободи на собирање и изразување беа почитувани, а денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен“.

Сепак, според паневропската асамблеја, сé уште е многу потребна, сеопфатната изборна реформа. ПССЕ притоа побара „конструктивниот“ пристап да продолжи и во вториот круг и пошироко, со донесување на  кохерентен изборен закон и со решавање на долгогодишните предизвици “.

Една од забелешките е направена за автоматското исклучување на гласачите врз основа на документите чиј рок на важење е истечен , што создаде „неразумна бариера“ од која беа погодени околу 11.000 граѓани. Иако беа забележани подобрувања во точноста на избирачкиот регистар, треба да се разгледаат разликите меѓу државните бази на податоци и различните формати на податоци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...