Делегацијата на ЕУ со остра осуда за инцидентот, бара одговорност од виновниците

674

Делегацијата на ЕУ остро го осуди инцидентот што се случи вчера во затворот во Шуто Оризари и бара да се спроведе истрага, а одговорните за него да понесат последици.

– Делегацијата на ЕУ остро осудува каква било форма на насилство и изразува загриженост за инцидентот што се случи во затворот во Шутка. Очекуваме истрага за овој инцидент и да се сносат последици, стои во пишаната изјава на Делегацијата на ЕУ во врска со инцидентот во затворот во Шутка.

Што се однесува до судските постапки во однос на инцидентите од 27 април, од Делегацијата наведуваат дека нема да ги коментираат.

– Генерално, очекуваме судските институции да ја вршат својата работа професионално и независно, се посочува во изјавата на Делегацијата на ЕУ во земјава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...