Дела поврзани со победата над фашизмот ќе се претставуваат цела година

111

Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе се одржи мултимедијален настан „Државотворниот печат“.

Со манифестацијата во чест на Денот на независноста, 8 Септември, се одбележуваат 28 години од овој јубилеј и осум години работа на НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Пригодни обраќања до присутните ќе имаат директорката на музејот, Даниела Николова, и професорката  Наталија Поповска. Во рамки на програмата ќе биде прикажан филм посветен на АСНОМ и македонската држава во повоениот период.

Специјален музички перформанс ќе има Ансамбл Македонија.

– Со овој настан се отвора посебна програма на изложби, промоции, трибини… со којашто НУ Музеј на македонската борба за самостојност во континуитет во текот на оваа и следната година ќе ги одбележува најзначајните датуми од македонската историја, особено оние поврзани со Втората светска војна и конечната победа над фашизмот – велат од Музејот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...