Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-СКОПЈЕ, како општествено одговорна компанија, се приклучија на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како коронавирус, откако владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.
За таа цел, специјализиран тим, денеска ги дезинфицираше возовите што моментно се во оптек, поточно четирите гарнитури и четирите вагони кои превезуваат патници на различни релации.
Акцијата започната денес за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, ќе се повтори и во иднина, по потреба.