Дежурни лекари во девет скопски поликлиники за празниците

Саботното дежурство на 27.04.2019 година на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот

203

Здравствен дом на Скопје – Скопје ги известува граѓаните и пациентите дека во тек на престојните празнични денови Службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиника Идадија ,Ченто, Чаир , Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари , Драчево и Букурешт, информираа денеска од ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје.

Саботното дежурство на 27.04.2019 година на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8 до 16 часот и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување.

Препораки до граѓаните

Им препорачуваме на граѓаните поради изминатиот период на постење да внимааат со внесување на храна од животинско потекло и консумација на алкохол поради здравствени и безбедносни причини, советуваат од Здравствениот дом на Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...