Дежурните на ЈП „Комунална хигиена“ го расчистуваат снегот во Скопје

356
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вечерва соопшти дека со 40 работници од дежурната служба спроведува активности за чистење на снегот од скопските булевари и поголемите градски улици.

Се расчистува и централното градско подрачје – големиот ринг, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците, постојано се посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, „Слобода“, „Мајка Тереза“, Камениот мост и Мостот на револуцијата, посочуваат од ЈП „Комунална хигиена“.

Додаваат дека од механизацијата се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол и дека, во согласност со временските услови, активностите ќе продолжат и во текот на ноќта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...