На крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид вчера мопед „томос спринтер“ без регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(71) од село Велгошти, охридско, излетал од патот и удрил во бандера.
Со возило на Итна медицинска помош Т.Ш. бил пренесен во Општата болница-Охрид каде од здобиените повреди починал.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.