Дедо и внук повредени на пешачки премин во Штип

96

Такси возило утрово удри во двајца пешаци на пешачки премин во централното градско подрачје во Штип. Пешаците, кои биле дедо и внук, се здобиле со телесни повреди.

Несреќата се случила утринава околу 8 часот, кога 65-годишниот пешак и неговиот осумгодишен внук преминувале на пешачки премин на мостот кај Стопанска банка, а во нив удрило такси возило марка шкода „фабиа“. Возилото го управувал 60-годишен возач од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека пешаците веднаш се пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се констатирани телесни повреди.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска забележа дека по извршените прегледи и снимања утврдено е дека лицата се со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.

Во Штип пред неколку месеци на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“ беше прегазен 14 – годишен средношколец, кој неколку дена подоцна им подлегна на тешките повреди, а во истиот период беше прегазена жена на пешачки премин кај кружниот тек кај Стопанска банка.

Панјотова апелира возачите и пешаците  да внимаваат и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, со цел поголема безбедност за сите ученици во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...