Дедото на Кирацовски даде отказ во фирмата ќерка на ЕЛЕМ

151

Генералниот сектретар на СДСМ, Алекандар Кирацовски ќе побара дедо му да се повлече од работната позиција на која се вработи во фирма основана од ЕЛЕМ.

Тој преку Фејсбук се огласи и рече дека иако таткото на неговата сопруга се вработил на легален и легитимен начин, од морални причини тој се повлекол.

„Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот. Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола. И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари. Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно. Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас. Сега градиме поинакви врености, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“, напиша Кирацовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...