Девојчиња што краделе облека ги терал сексуално да го задоволуваат за да не ги пријави

Удин во Велика Британија е прогласен виновен за силување и принудување на деца да бидат сексуално активни.

1528
ФОТО: Метро / Met Police

Дваесет и седумгодишниот Зија Удин, кој работел како обезбедување во „Примарк“, е осуден на 14 години затвор, откако принудувал тинејџерки сексуално да го задоволуваат, пренесува „Метро“.

Тој фатил четири девојки на возраст од 15 години како крадат и за да ги ослободи, побарал да му ги исполнат желбите.

Со истрагата биле пронајдени кондоми во контролната соба каде што Удин работел. Тој ги зачувал и нивните телефонски броеви и им се јавувал и откако ја напуштиле продавницата, надевајќи се на други сексуални односи.

Удин во Велика Британија е прогласен виновен за силување и принудување на деца да бидат сексуално активни.

На неговите колеги им било чудно тоа што тој не ги потполнил документите откако биле фатени крадците, па побарал и да се избрише снимката од камерите.

Една од жртвите рекла дека направила како што барал Удин, бидејќи „немала друг избор“.

Судијката Џорџина Кент го банираше да работи со деца на неопределен период.

– Тој побарал да го задоволуваат сексуално, а за возврат им дал ветување дека ќе бидат пуштени без да дознаат нивните родители или полицијата. Според телефонските извештаи, тој им ѕвонел и на други девојчиња обвинети за кражба, откако им го побарал бројот за време на инцидентот. За време на судењето, Удин тврдеше дека сите жртви лажат и одби да преземе одговорност за своите постапки – било кажано.

Портпаролот на Примарк рече дека навистина им е жал што жртвите страдале на таков начин.

– Зија Удин ја злоупотреби довербата која му била дадена од Брукнајт Секјурити и од нас, со тоа што ги злоупотреби своите жртви, кои биле млади и ранливи.

ФОТО: Метро / Met Police

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...