Девојче тешко повредено во автобус на ЈСП

779

Десетгодишно девојче вчера се здобило со тешки телесни повреди при пад по скали во двокатен автобус број 3 на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, соопшти МВР.

Настанот а се случил на улица „Тодор Александров“.

– Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, наведуваат од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...