Девојче се удави во дупка со вода на градилиште во Илинден

Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто местото не било обезбедено. 

568

Девојче родено во 2005 година попладнево се удавило во општина Илинден, во ископ исполнет со вода каде што се градел објект.

Трагедијата се случила на улица бр. 2 во месноста Бигла во населбата Илинден. Случајот бил пријавен во 14.40 часот.

Екипа на противпожарната единица на Град Скопје се упатила кон градилиштето, но во меѓувреме жителите го извадиле телото на девојчето кое, најверојатно при игра, паднало во водата и се удавило. Лекарската екипа констатирала смрт.

Според изјави од жители на Илинден, 13-годишното девојче влегло во ископот со вода за да го извлече братчето и друго дете кои паднале во дупката.

Жителите бараат одговорност од фирмата што го градела објектот зашто местото не било обезбедено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...