Четиринаесетгодишно девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Полицијата од Битола ја потврди информација.
Девојчето влегло да се капи во базенот, кој се уште не бил отворен за летната сезона. Тој е во сопственост на ЈП „Стрежево“, а со него стопанисува приватниот концесионер „Мега Груп“.